24фудбал

Навивачите на Црвена звезда соблекоа Турчин кој провоцираше со дрес на Галатасарај (ВИДЕО)

Навивачите на Црвена звезда цел ден се загреваа низ улиците на Минхен за денешниот меч против Баерн, на моменти имаше и тензија.

Лига на Шампиони

Навивачите на Црвена звезда и Галатасарај се во исклучително лоши односи по големиот инцидент во не така далечно минато кога турските фанови го убија Марко Ивковиќ, младиот навивач на српскиот клуб.

Денеска еден турски навивач провоцираше носејќи го дресот на Галатасарај со кој се шеташе низ каде што беа навивачите на Црвена звезда. Но неговата прошетка не заврши добро, Србите го соблекоа и му го земаа дресот.