24фудбал

Бобан: Дербито со Интер е уникатно, треба да сме релаксирани, во спротивно ќе бидеме победени од сопствените емоции

Хрватот има функција на директор во Милан, тој се присетува на ‘лудиот’ меч против големиот градски ривал на клубот каде „Росонерите“ триумфираа убедливо со неверојатни 6-0.

Италија

Звонимир Бобан, легендата на Милан кој се повлече од ФИФА за да се врати во клубот од Милано, каде доби функција, тврди дека „Дерби дела Мадонина“ е како никое друго, а тој се присетува на лудата победа на Милан со 6-0 над својот голем градски ривал Интер.

Првото дерби на Милано оваа сезона во Серија А се игра во сабота, а Бобан предупредува дека „Росонерите“ треба да бидат релаксирани во пресрет на мечот, во спротивно, во такви ситуации екипата се победува самата себе си од сопствените емоции.

Кога го објаснуваме фудбалот, често знаеме да кажеме дека нема зборови со кои би можеле да се опишат одредени моменти, а дербито е секако едно од тие“ рече Бобан „Милан ТВ“.

Доколку не сте играле на такво дерби, веројатно не можете да разберете, дури и да сте играле на такво дерби, веројатно не можете да опишете со зборови за неговата големина, пасија и исто притисокот кој го исполнува тој натпревар“ додава Хрватот.

Во другите натпревари потребна ви е дополнителна мотивација, но, на ова дерби е сосема спротивното, треба да бидете релаксиран бидејќи во спротивно ризикувате да бидете победени од сопствените емоции, ова е уникатно дерби“ посочи Бобан кој притоа се потсети на 'лудата' победа на Милан против Интер во 2001. година, кога тој беше дел од пресметката.

Тој меч кога победивме со 6-0 беше луд, ги совладавме и со 5-0 во Копа Италија, но, тоа не е исто...“ се присети Бобан.