24фудбал

Почетни состави: Икарди стартува против Реал Мадрид, Роналдо и Игуаин го напаѓаат Атлетико Мадрид (ФОТО)

Со вечерашните натпревари кои стартуваат со почеток од 21 часот ќе се комплетира првото воведно коло од новата сезона во Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

ПСЖ – Реал Мадрид, тоа е дербито на вечерта во Лигата на шампионите, обете екипи според формациската поставеност во пресрет на мечот ќе играат офанзивно со по тројца напаѓачи, кај францускиот првак познато е дека првата ѕвезда на тимот Нејмар ќе отсуствува поради суспензија, а тоа е голем хендикеп за нив.

Сепак, за одбележување е Мауро Икарди, кој заедно со Ди Мариа и Сарабија го сочинуваат триото во нападот на домаќините, кај гостите пак, голови ќе се очекуваат од неверојатното трио Азар – Бензема – Бејл. Интересно ќе биде и да видиме како ќе реагира Кејлор Навас против својот довчерашен клуб, токму тој е првата опција на голот кај ПСЖ.


Епитетот дерби го има секако и дуелот помеѓу Атлетико Мадрид и Јувентус, италијанскиот првак е голем должник на шпанскиот прволигаш од ланската сезона, токму „Старата дама“ го елиминираше Атлетико благодарение на неверојатниот Кристијано Роналдо кој во друштво на Игуаин го сочинува дуото во нападот на гостите за вечерва.

Јувентус ќе игра во формација 4-4-2, исто и домаќинот, а кај Атлетико Мадрид дуото во нападот го сочинуваат Жоао Феликс и Диего Коста.


Еве ги почетните состави и на останатите средби, сосема очекувано, капитенот на Динамо Загреб, а воедно и македонски репрезентативец, Аријан Адеми стартува од првата минута во мечот против Аталанта...

Баер Леверкузен – Локомотив Москва


Баерн Минхен – Црвена звезда


Динамо Загреб – Аталанта


Шахтер – Манчестер Сити