24фудбал

Реал немаше шут во рамките од голот, Зидан вели: Дадовме два погодока, ВАР ни ги поништи

Тренерот на Реал Мадрид, Зинендин Зидан го објасни колапсот на неговиот тим во Париз и поразот од 3-0 во воведниот натпревар од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

ПСЖ ја доби дерби пресметката од Групата А и пред своите фанови го надигра Реал Мадрид со 3-0. Одбраната не беше на нивото, ниту пак нападот, „кралевите“ мечот го завршија без да упатат шут во рамките од голот.

„Го немавме потребниот интензитет. На ова ниво, во вакво натпреварување без прав интензитет, работите стануваат компликувани. ПСЖ беше супериорен во секој поглед, не надигра и заслужено но мене ме лути тоа што го немавме потребниот интензитет“ - вели Зинедин Зидан.

„Дадовме два погодока кои за жал ВАР ги поништи, но точно е дека креиравме премалку шанси. Да не се креираат 100% прилики со играчите кои ги имавме на терен е малку чудно.

Запрашан дали Тибо Куртоа е еден од виновниците за поразот, Зизу одби да го впери прстот во голманот: „Сите сме во ист брод, кога победуваме, сите победуваме, кога губиме, сите сме виновни за поразот. Тешко е да се прифати овој пораз, но во недела не чека нов меч (против Севиља) и мораме да се фокусираме на тој натпревар“.