24фудбал

Адеми во еуфорија: Ова е величествена победа, не знам што да кажам, ова е историја!

Динамо Загреб неочекувано убедливо ја совлада Аталанта во првото коло од Лигата на шампионите, хрватскиот тим победи со 4-0.

Лига на Шампиони

Капитенот на Динамо Загреб и македонски репрезентативец, Аријан Адеми беше значаен дел од вчерашната победа над Аталанта.

„Ова што го направивме е величенствена победа, не знам што да кажам. Ова е историја. Секоја чест за момците, секоја чест на сите, го срушивме најдобриот клуб во Италија после Јувентус. Сакам да им се заблагодарам на овие фантастични навивачи“, изјави Адеми по мечот.