24фудбал

Тензија во соблекувалната на Интер, спречена тепачка помеѓу Лукаку и Брозовиќ?!

Медиумите од Италија пренесуваат дека ремито со Славија Прага во Лигата на шампионите ги донело првите искри во соблекувалната, Марсело Брозовиќ имал конфротација со Ромелу Лукаку.

Италија

„Нероаѕурите“ добро ја започнаа новата сезона во Серија А со три победи и девет бода, но потфрлија на воведниот натпревар од Лигата на шампионите. Интер во судиското надополнување се спасуваше од пораз против Славија Прага, меч кој мораше да биде добиен.

Медиумите од Италија сега пишуваат дека ремито придонело да се појават првите искри во соблекувалната. Газета дело Спорт објави дека тензијата настаналa кога најскапото засилување во историјата на клубот, Ромелу Лукаку ги обвинил соиграчите дека не покажале доволно храброст и побарал поофанзивен пристап на теренот.

Говорот кој го имал Белгиецот не му се допаднал на Марсело Брозовиќ, Хрватот сметал дека индиректно тој е прозван па дошло до конфротација помеѓу двајцата и жолчна вербална расправија.

Брзо реагирале останатите соиграчи па не дошчо до поголем инцидент и била спречена тепачка.