24фудбал

Сите очекуваа удар а Алкантара со магичен потег ги збуни играчите на Црвена звезда (ВИДЕО)

Тиаго Алкантара беше творец на третиот погодок на Баерн Минхен против Црвена ѕвезда, Шпанецот лукаво наместо да бие од слободен удар му асистираше на Томас Милер за гол за најавните шпици.

Лига на Шампиони

„Баварците“ синоќа со 3-0 ја совладаа Црвена ѕвезда пред своите фанови благодарејќи на два доцни погодока. Откако Коман го отвори резултатот во 34. минута, Левандовски искористи една грешка на одбраната на гостите за 2-0 во 80. минута а точка на натпреварот стави Милер во првата минута од судиското надополнување.

Творец на последниот гол е Тиаго Алкантара, кој изведе една воиграна акција од тренинзите. Баерн Минхен доби слободен удар во опасната зона и додека сите очекуваа удар кон голот, Шпанецот лукаво ја префрли топката преку живиот ѕид за Милер и ги збуни играчите на Црвена звезда кои не очекуваа ваква магија од поранешниот играч на Барса.