24фудбал

Македонија има скок од две места на најновата ФИФА ранг листа

Добрите резултати на последните два квалификациски меча и донесоа напредок од две позиции на Македонија на последната ФИФА ранг листа.

Македонија

Македонија напредуваше на новата ФИФА ранг листа, а причина за тоа се ремито со Израел и победата против Летонија. Сега се наоѓаме на 69. место на табелата.

Од селекциите во нашата група Полска е најдобро рангирана, на 22. место. Австрија е пет позиции послаба, 27., следува Словенија која е на 58. позиција со скок од пет места, Израел е 86, а Летонија е на 139. место.

Белгија и понатаму е лидер, а меѓу најдобрите десет селекции се и Франција, Бразил, Англија, Португалија, Уругвај, Шпанија, Хрватска, Колумбија и Аргентина.