24фудбал

ФФМ се одлучи за симболични цени, влезниците за Македонија - Словенија од 50 до 200 денари

Фудбалската федерација на Македонија ги објави цените на билетите за квалификацискиот натпревар за ЕП 2020 против Словенија кој ќе се одигра на 10. октомври.

Македонија

ФФМ се одлучи со симболични суми на влезници да се обиде да го наполни стадионот колку што е можно повеќе за мечот против Словенија.

Билетите за западната трибина ќе чинат само 50 денари, за јужната и северната се 150 и 200 денари.

Влезниците ќе се продаваат од понеделник, 23. септември преку продажната мрежа на МКТикетс. А подоцна, од термин кој дополнително ќе биде соопштен ќе можат да се купат и на посебен пулт на ФФМ во Сити Мол и на благајната на Националната арена „Тодор Проески“.

Македонските фудбалери одиграа реми со Израел и ја победија Летонија, а мечот со Словенија може да биде клучен за одржување или губење на надежите за второто место во групата.

Натпреварот меѓу Македонија и Словенија се игра на 10. октомври.