24фудбал

Прандели за Елмас: Во Македонија го нарекуваат дијамант, има одлична визија во играта, темпо и карактер!

Познатиот италијански фудбалски стратег со пофални зборови за младиот Македонец за кого посочи дека е љубопитен за тоа што го направи во дресот на Наполи.

Македонија

Поранешниот селектор на Италија, Чезаре Прандели не се штедеше на пофални коментари на сметка на нашиот репрезентативец и член на Наполи, Елиф Елмас, за кого вели дека има одлична визија во играта.

Запрашан за тоа кој фудбалер досега го импресионирал од тимот на Наполи, Прандели го посочи токму Елмас, а воедно ги изнесе и причините за таквиот став.

Да, во Македонија го нарекуваат дијамант, секако мислам на Елиф Елмас, многу ми се допаѓа како фудбалер. Тој има само 19 години и станува збор за модерен фудбалер од средниот ред. Има одлична визија во играта, има одлично темпо и карактер, навистина сум љубопитен за тоа што ќе направи во дресот на Наполи“ рече Прандели во интервјуто за „Ла Република“.

Елмас пристигна во Наполи изминатиот летен преоден рок откако претходно мина две сезони во дресот на фенербахче, со италијанскиот вицепрвак потпиша договор со важност до 2024. година, а за брзо време покажа што знае и умее со фудбалската топка.