24фудбал

Мијатовиќ брутално искрен: Не гледам дека Зидан има капацитет да пронајде солуции за подобрување на тимот

Ди Мариа им одржа лекција по модерен фудбал на „Кралевите“, кои во недела гостуваат кај мотивираната и одлична Севиља која тргна супериорно во Примера, тие го имаат токму Хулен Лопетеги на клупата, екс тренерот на Реал Мадрид.

Шпанија

Поранешниот спортски директор, а воедно и фудбалер на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ вели дека е конечно дојдено вистинско време да се признаат многу работи околу тоа дека „Кралскиот клуб“ е во проблеми, а стартот на новата сезона не навестува дека некои работи ќе се поправат во продолжението.

Во Примера, тимот на Зинедин Зидан тргна со две ремија и исто толку победи, а синоќа во првото коло од Лигата на шампионите беше во целост надигран од ПСЖ на гости и забележа убедлив пораз од 3-0, за одбележување е тоа што во нападот „Кралевите“ играа со триото Бензема – Бејл – Азар, но, ништо од тоа.

Не очекував натпреварот да има таков исход, посебно не против ПСЖ кој беше без неколку ѕвезди во својот состав, очекував поинаков исход, а секако и поинаква игра“ вели Мијатовиќ алудирајќи на тоа што ПСЖ играше без Нејмар и Мбапе, не играше ниту Кавани.

Пред да почне мечот, имав полна доверба и надеж дека Реал Мадрид ќе остави голем впечаток во едно натпреварување каде веќе испиша историја во претходните неколку години, ПСЖ беше подобар во секој сегмент од играта, Реал Мадрид имаше лошо издание уште од самиот почеток до крајот на мечот, тоа е загрижувачки, оваа сезона веќе наликува како онаа од лани“ додава тој.

Реал Мадрид мора да се подобри во многу сегменти, а тоа мора веднаш да започне, се уште има време, сега е моментот кога мора да се најдат солуции, загрижувачки е бидејќи сега треба да играат на гости кај Севиља, поентата е во тоа што не гледам дека Зидан има капацитет за да ги пронајде потребните солуции за тимот да се подобри“ заклучи Мијатовиќ.