24фудбал

Ливерпул му нуди нов договор на Мане со поголема плата

Сенегалецот би можел до својата 33. година да остане на „Енфилд“, моментално тој на неделна основа заработува околу 100.000 фунти, но, во новиот договор тој би заработувал многу повеќе од тоа.

Англија

Се чини дека Сенегалецот од редовите на европскиот првак Ливерпул, Садио Мане би можел да остане подолго на „Енфилд“, се најавува нов договор за офанзивецот кој би можел да остане до 2025. година во тимот на Ливерпул.

Според информациите кои ги објави новинарот на „Газета дело Спорт“, Николо Шира, се вели дека Мане е во преговори со Ливерпул околу новиот договор кој би имал важност до 2024/25. година, а наводно Сенегалецот би имал годишна плата од околу 13 милиони евра, неделно би заработувал околу 250.000 евра.

Мане е еден од клучните фудбалери на тимот на Јирген Клоп, тој во редовите на Ливерпул пристигна по трансферот од Саутемптон во 2016. година, трансфер вреден 34 милиони фунти, две сезони беше дел од тимот на годината во Премиерлигата, а ја освои и наградата „Играч на сезоната“ во 2017. година.

Во текот на својот тригодишен престој на „Енфилд, Сенегалецот погоди 65 погодоци во 130 настапи за клубот.