24фудбал

Погба следен на листата за нов договор во Манчестер јунајтед

Французинот подолг период беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид, тој дури и јавно посочи дека можеби е дојдено вистинско време за нов предизвик во неговата кариера, меѓутоа во Манчестер јунајтед имаат планови на подолг рок со Французинот.

Англија

Манчестер јунајтед веќе подготвува нов договор за Пол Погба, и покрај големиот интерес од Реал Мадрид за Французинот, како и веројатно самата желба на фудбалерот да си замине од „Олд Трафорд“, нешто за што тој најавуваше, посочувајќи дека е време за нов предизвик.

Тимот од „Олд Трафорд“ ги одби сите обиди за трансфер на Погба, кого се шпекулира дека го вреднува на 165 милиони евра, сума која наводно Реал Мадрид не бил подготвен да ја издвои за да го реализира тој трансфер.

Французинот има важечки договор со Премиерлигашот до 2021. година, секако дека обете страни ќе влезат во еден критична фаза каде сигурно ќе има уште поголем интерес од одредени европски гиганти за фудбалерот, меѓу кои и Реал Мадрид.

„Ивнинг Стандард“ пренесе дека Пол Погба е следен на листата во Манчестер јунајтед околу продолжување на соработката, клубот веќе успешно ги заврши преговорите со Давид Де Хеа како и Виктор Линделоф, а следен е Французинот.

Истовремено се наведува дека освен Погба, следни на листата за нови договори се воедно и Мејсон Гринвуд и Џеси Лингард.