24фудбал

Доколку сака да го отпушти Зидан, Реал Мадрид ќе треба да издвои богатство од својот буџет

Францускиот фудбалски стратег се врати на кормилото на „Кралскиот клуб“, потпиша три ипол годишен договор во март, но, работите не се одвиваат онака како што многумина очекуваа, па уште од сега веќе почна да се развива темата околу можен отказ.

Шпанија

Големиот и убедлив пораз од ПСЖ во првото коло во групите од Лигата на шампионите (3-0) веќе го вклучи алармот во Реал Мадрид, иако доби одврзани раце од клубот, иднината на Зинедин Зидан на кормилото на „Кралскиот клуб“ уште од сега е разнишана.

Главните сомневања се во тоа дали популарниот „Зизу“ е вистинскиот човек за да го врати Реал Мадрид на победничките патеки, односно на на самиот проект за тоа, а сомневањата во голема мера се зголемуваат.

За многумина, перформансите на Реал Мадрид против ПСЖ беа најлоши досега од сите лоши ако се сумира, за прв пат во декадата „Кралевите“ не успеаа да реализираат ниту еден единствен обид во рамките на противнички гол.

„Спорт“ пишува дека познат е карактерот на првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез кој нема многу трпение во поглед на овие прашања, но алтернативите кои тој ги има се намалуваат рапидно, иако се вели дека на врвот на листата на желби во клубот котира Жозе Мурињо.

Како и да е, „Спорт“ додава дека во случај Реал Мадрид да одлучи да се раздели со Зидан, тоа ќе го чини вистинско богатство клубот, медиумот базирајќи се на свои извори од клубот посочува дека евентуален отказ за Зидан ќе го чини Реал Мадрид 80 милиони евра оваа сезона.

Зидан потпиша три ипол годишен договор со Реал Мадрид по враќањето во клубот во март, „Кралевите“ се согласија да му исплаќаат 13 милиони евра годишна плата.