24фудбал

Стрелците расположени во Лига Европа, гигантите по планот во првото коло (ВИДЕО)

Мрежите се тресеа на сите 24 натпревари од првото коло во Лига Европа, гигантите по планот и покрај тоа што тешко се мотивираат на стартот од најмасовното европско натпреварување.

Лига Европа

По воведните мечеви од Лигата на шампионите, вечерва на програмата беше и првото коло од Лига Европа. Стрелците беа расположени, па мрежите се тресеа насите 24 натпревари.

Гигантите по планот и покрај тоа што тешко се мотивираат на стартот од најмасовното европско натпреварување. Манчестер јунајтед со мешан состав славеше со минимални 1-0 против Астана со голот на Гринвуд.

Рома иако не беше премногу заинтересирана за надигрување, ја наполни мрежата на Башакшехир и славеше со 4-0. Севиља со 0-3 победи кај Карабах, а со ист резултат и Арсенал триумфираше на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт.

Имаше и неколку изненадувања, Дуделанж со 3-4 победи кај АПОЕЛ, Лудогорец со чуден пресврт ја совлада ЦСКА Москва со 5-1 откако на пауза губеше со 0-1, а Волфзбергер ја шокираше Борусија Менхенгладбах со 0-4.

Група А

АПОЕЛ - Дуделанж 3:4

Карабак - Севиља 0:3

Група Б

Динамо Киев - Малме 1:0

ФК Копенхаген - Лугано 1:0

Група Ц

Базел - Краснодар 5:0

Хетафе - Трабзонспор 1:0

Група Д

ЛАСК - Розенборг 1:0

ПСВ Ајндховен - Спортинг 3:2

Група Е 

Клуж - Лацио 2:1

Рен - Селтик 1:1

Група Ф

Ајнтрахт Франкфурт - Арсенал 0:3

Стандард - Гимараеш 2:0

Група Г

Порто - Јанг Бојс 2:1

Лудогорец - ЦСКА Москва 5:1

Група И

Гент - Сент Етјен 3:2

Волфсбург - Олександрија 3:1

Група Ј

Борусија Менхенгладбах - Волфсбергер 0:4

Рома - Башакшехир 4:0

Група К

Слован - Бешикташ 4:2

Волвс - Брага 0:1

Група Л

Манчестер јунајтед - Астана 1:0

Партизан - АЗ Алкмар 2:2