24фудбал

Неверојатно: Партизан собра 22.000 дечиња на трибините за мечот со АЗ Алкмар (ВИДЕО)

Партизан издржува казна од УЕФА, треба да игра пред празни трибини или на нив може да има само дечиња до 14 години, белградскиот клуб речиси и да го наполни стадионот.

Лига Европа

Партизан успеа да создаде фантастична и многу гласна атмосфера на трибините иако имаше забрана од УЕФА за гледачи.

Српскиот тим имаше дозвола на стадионот да има само дечиња до 14 години а тие успеаа да соберат дури 22.000. Бројка која ги изненади буквално сити.

На трибините имало дечиња и од фудбалски школи од Македонија.

Во УЕФА се чудат и велат дека ова е досега невидено во историјата на фудбалот. При други вакви случаево останатите клубови собирале максимум до 3000 дечиња. Но тоа што се случи вчера е големо изненадување за сите.