24фудбал

Османи е нов тренер на Шкупи

Ќатип Османи потпиша двегодишен договор со Шкупи, искусниот и трофеен стратег брзо најде нов ангажман по отказот кој го доби од Шкендија.

Македонија

Шкупи денеска и официјално го промовираше Ќатип Османи во нов тренер.

„Шкупи со задоволство може да соопшти дека се договори со добро познатиот тренер Ќатип Османи. Еден од најтрофејните тренери во земјава го превзема кормилото на нашиот тим и веќе стави потпис на договор според кој треба да остане тука до 2021“, стои во соопштението на Шкупи.

Османи е среќен што ќе биде нов предводник на Шкупи.

„Се чувствувам привилигирано што ќе бидам во клуб кој има историја. Лично се сеќавам на тие сезони околу 2000 година кога овој тим доминираше во домашниот фудбал и мојата желба е да направам Шкупи повторно да доминира“, изјави Османи.