24фудбал

Гринвуд би можел да стартува против Вест Хем?

Тинејџерот веќе се прослави во Лига Европа каде донесе победа на стартот од новата сезона за Манчестер јунајтед во тоа натпреварување, тој во целост го стави во сенка Рашфорд кој беше тотално индиспониран на „Олд Трафорд“.

Англија

17 годишниот Мејсон Гринвуд е големата надеж на Манчестер јунајтед, потекнува токму од школата на тој клуб, а беше херој во минималната победа над Астана во првото коло од Лига Европа на „Олд Трафорд“.

Шефот на стручниот штаб на „Црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солшер вели дека е речиси невозможно да го изостави Гринвуд од составот доколку тинејџерот продолжува да постигнува погодоци.

Гринвуд веќе тропа пред портите на првиот состав на Манчестер јунајтед, а Солшер најавува и дека тој наскоро ќе го има првиот настап во Премиерлигата како стартер, а медиумите на Островот не ја отфрлаат можноста младиот напаѓач да го почне мечот кај Вест Хем во недела уште во првата минута.

Доколку продолжи да постигнува погодоци кога е на теренот, тој ќе добива повеќе минути во Премиерлигата, исто така тој наскоро ќе го има и првиот настап од првата минута“ најави Солшер.

Тешко е да имате фудбалер вон составот кој има одлични перформанси на теренот, се сеќавам на периодот кога јас дојдов тука, доколку тој продолжува да постигнува погодоци, секако ќе игра“ посочи Норвежанецот.

Гринвуд целосно го засени Рашфорд кој имаше три чисти шанси да го отвори мечот против казахстанскиот шампион во Лига Европа, за што доби критики од фановите, Солшер се одзва и на оваа тема уверувајќи дека Рашфорд ќе се врати на старите патеки.