24фудбал

Сари: Во Италија сме опседнати со ротацијата, а во Англија некои екипи со само 14 играчи имаат над 60 меча

Искусниот италијански фудбалски стратег говореше отворено на темата „ротација“, тема за што често е критикуван, но, тој направи една добра споредба помеѓу англискиот и италијанскиот фудбал.

Италија

Шефот на стручниот штаб на италијанскиот првак Јувентус, Маурицио Сари тврди дека италијанскиот фудбал е опседнат со ротација, тој како пример го посочи фудбалот на Островот каде не се толку опседнати по тоа прашање.

Сари долго е критикуван поради тоа што не го користи целосниот состав кој го има на располагање, а кон него беа упатувани совети да често ги користи и останатите фудбалери, за што директно му се посочува да прави честа ротација.

Ќе ја согледаме добро таа ситуација, ќе одлучиме соодветно на моментот, во Италија ние сме опседнати со ротација, имав повеќе од 60 натпревари во Англија ланската сезона и таму постојат екипи кои тоа го прават со само 14 фудбалери“ додаде поранешниот тренер на Челси.

Можеби ние повеќе користиме ментална отколку физичка енергија, кога некогаш работите нема да функционираат онака како што посакувам, би сакал да ја знам вистинската причина за тоа и да ја подобрам ситуацијата“ додаде Италијанецот во пресрет на утрешниот меч против Верона во Серија А.