24фудбал

Тричковски не застанува, Македонецот погоди и против Олимпијакос

Македонскиот напаѓач игра во животна форма, а тој веќе го постигна петтиот гол во новата сезона на Кипар, и тоа на само три меча досега.

Македонија

АЕК Ларнака ремизираше на гостувањето кај Олимпијакос Никозија со 2-2, иако тимот на нашиот репрезентативец Иван Тричковски имаше и водство од 0-2, на крајот се задоволи со само бод од тоа гостување.

Токму 32 годишниот Македонец во 26. минута погоди за 0-2, и тоа реализирајќи успешно во ударот од белата точка.

Тричковски со пет погодоци од три натпревари засега е прв стрелец во најсилниот шампионат на Кипар, а неговиот тим АЕК Ларнака засега забележа една победа и две ремија на стартот од новата сезона.