24фудбал

Ливерпул го шпионирал Манчестер Сити па му платил обесштетување од милион фунти

Медиумите од Англија пишуваат дека Манчестер Сити добил обестештување од еден милион фунти откако „граѓаните“ установиле дека Ливерпул им ја шпионира базата со податоци и играчите кои ги скаутираат.

Англија

Весникот Тајмс објави за скандал од 2013 година кој можел да биде најголем во историјата на Премиерлигата доколку јавноста била запознаена тогаш.

Манчестер Сити побарал помош од експерти за да утврдат дали некој им ја шпионира базата со податоци и играчите кои ги скаутираат. Истрагата наводно покажала дека неколку вработени на Ливерпул во стотина наврати (во период од осум месеци) ги користеле корисничкото име и лозинка на „граѓаните“ за да се најават на системот Скаут 7.

Инцидентот се случил откако тројца скаути на „граѓаните“ се преселиле на Енфилд. Манчестер Сити обвинил дека шпионирањето го извршиле двајца од нив, како и Мајкл Едвардс, кој во моментов е спортиски директор на Ливерпул.

Клуот од Етихад доставил жалба, но целиот случај никогаш не завршил на суд, бидејќи двата клуба вонсудски се договориле.

Тајмс пренесува дека „црвените“ платиле обесштетување од еден милион фунти за да се заташка целата работа. Ливерпул и неговите вработени сепак не признале вина за хакирањето или дека сториле нешто погрешно.