24фудбал

Флорентино Перез не сака да гледа како противникот се радува, го удрил Ван дер Сар по четвртиот гол на Ајакс

Марк Овермарс и Едвин ван дер Сар раскажаа што се случувало во ложата на Сантијаго Бернабеу кога Ајакс го фрли на колена европскиот шампион и го совлада Реал со 1-4 среде Мадрид.

Лига на Шампиони

Ајакс минатата сезона беше најпријатното изненадување во Лигата на шампионите и секунди го делеа од финале. Во авантурата која започна уште во првото коло од квалификациите, клубот од Амстердам прикажа одличн партии и допадлив фудбал со кој ги освои срцата на неутралните фанови.

Голем подвиг беше триумфот од 1-4 среде Мадрид кога го шокираа противникот и го фрлија на колена актуелниот шампион на Европа.

Марк Овермарс и Едвин ван дер Сар сега раскажуваат што се случувало во ложата на Сантијаго Бернабеу и откриваат дека Флорентино Перез бил прилчно лут кога тие бурно славеле.

„Го бодрев тимот, но морав да се воздржувам за првите три гола бидејќи седев до претседателот на Реал Мадрид. Но кога погодивме за 1-4.... Скокнавме со Марк, почнавме да славиме и направивме да пукне. На лидерите на Реал не им се допадна ова, сметаа дека покажуваме непочитување...“ – вели Ван дер Сар, кој ја извршува улогата на генерален директор. 

Спортскиот директор Овермарс со насмевка на лицето додаде: „Мислам дека Едвин не ви ја кажува целата приказна. Флорентино Перез всушност го удри, па јас требаше да ги смирувам страстите. За среќа настана примирје пред работите да ескалираат...“