24фудбал

УЕФА без милост, Ребиќ доби пет меча суспензија

Суспензијата се однесува за последниот меч на Хрватот во дресот на Ајнтрахт Франкфурт во Лига Европа минатиот месец, тој ќе ја одработува од следниот настап во европските натпреварувања.

Италија

Напаѓачот на Милан, големото засилување во новата сезона за „Росонерите“ доби суспензија од цели пет меча од Европската фудбалска федерација, а се работи за суспензија од неговиот последен меч за Ајнтрахт Франкфурт во Лига Европа од ланската сезона.

Хрватот беше исклучен на дуелот против Стразбур и реагираше фуриозно кон главниот арбитар, се верува дека тој упатил и сочни пцовки кон него, па така, доколку Милан обезбеди излез во Европа за идната сезона, Ребиќ ќе отсуствува цели пет меча.

Милан оваа сезона не се натпреварува во европските купови, па така, во случај „Росонерите“ да излезат во Европа идната сезона, од тогаш ќе стартува суспензијата за Хрватот кој веќе дебитираше во дресот на  Милан во новата сезона од Серија А.