24фудбал

Лозано: Зошто потпишав за Наполи...

24 годишниот Мексиканец кој беше желба на повеќе европски гиганти, ја објасни својата одлука да потпише за тимот на Наполи каде од летово настапува и нашиот Елиф Елмас.

Италија

Хирвинг Лозано по неколку месеци преговори конечно потпиша за Наполи, трансферот на Мексиканецот од ПСВ беше рекорден за тимот од Неапол кој издвои 38 милиони евра плус бонуси за неговиот потпис.

Познато е дека Мексиканецот ги имаше како опции и ПСЖ и Милан, меѓутоа тој самиот ја објасни неговата конечна одлука да потпише за италијанскиот вицепрвак.

Наполи го има Карло Анчелоти на клупата, а дополнително се заљубив во убавината на градот, знаев сеза кариерата на Анчелоти, тој е одличен тренер, исто така открив и дека се работи за прекрасна особа“ вели Лозано кој погоди во спектакуларното дерби во новата сезона од Серија А против Јувентус, на тој меч „Старата дама“ имаше предност од дури 3-0, за Наполи да се врати на 3-3, но бранителот на трофејот на крајот славеше со автогол на Кулибали во финишот.

Прекрасно беше чувството да се постигне гол на дебито за Наполи, и тоа против Јувентус, имам тенденција да погодувам на секое деби каде и да сум, давам целосно уверување дека ќе давам максимум од себе во секој натпревар за овој дрес, но и дека ќе се развивам во уште подобар фудбалер“ додаде Мексиканецот кој денес со својот тим на домашен терен го пречекуваат тимот на Сампдорија пред своја публика во четвртото коло од Серија А.