24фудбал

Гвардиола смета дека Артета би бил неговиот идеален наследник во Манчестер Сити

Според зборовите на Пеп, поранешниот фудбалер на Реал Сосиедад, Евертон и Арсенал би бил успешен како евентуален шеф на стручниот штаб на Манчестер Сити.

Англија

Пеп Гвардиола верува дека неговиот соработник од клупата на Манчестер Сити, Микел Артета би бил успешен тренер на англискиот првак, тој се приклучи на стручниот штаб на Гвардиола во јули 2016. година откако ја заврши својата кариера во Арсенал.

Под водство на Гвардиола, „Граѓаните“ имаа голем успех на домашна сцена, изостана меѓународната, освојувајќи две титули во Премиерлигата, две во Карабао Купот, исто толку и во ФА Купот и Комјунити Шилд.

Сигурен сум дека во случај тој да ме наследи, ќе има успех на таа позиција, порано или подоцна тоа ќе се случи, тој е млад, навистина млад тренер, веќе има искуство во менаџирањето со големи фудбалери и екипи. Артета има неверојатна работна етика, посебен талент кој анализира што ќе се случи и веднаш бара солуции, ние често разговараме за тоа во што тој верува и чувствува“ рече Гвардиола.

Гвардиола дополнително посочи дека речиси на идентичен начин ги гледаат натпреварите, истовремено упати пофалби за неговиот карактер.