24фудбал

Гатузо би можел да го преземе кормилото во Лацио?

Поранешниот тренер на Милан е опција за клупата на Лацио, притисокот врз Инзаги порасна особено по неочекуваниот пораз кај Клуж во воведното коло од Лига Европа.

Италија

Разочарувачкиот старт во новата сезона за Лацио би можел да донесе промени на клупата на таа екипа, пренесува весникот „Ил Месаџеро“, а токму Џенаро Гатузо се споменува како можен наследник на Симоне Инзаги.

Лацио ја освои Копа Италија во мај, совладувајќи ја Аталанта со 2-0 во финалето, отвори со победа над Сампдорија од 3-0 во новата сезона од Серија А, меѓутоа формата на „Лацијалите“ брзо падна, па така следеше реми против градскиот ривал Рома, а потоа пораз кај СПАЛ, но и Клуж во првото коло од Лига Европа.

Со само четири бода во воведните три кола во Серија А, ова е најлошиот старт за Лацио под водство на Инзаги откако тој седна на клупата на римскиот клуб во 2016. година.

Според пишувањата на „Ил Месаџеро“, се вели дека претседателот на клубот, Клаудио Лотито подготвува радикални промени, а веројатно е дека Инзаги ќе биде заменет, откако веќе се појавија шпекулации дека контактиран е Гатузо.

Поранешниот тренер на Милан уште од летото се споменуваше како опција за Лацио откако уште тогаш Инзаги беше под притисок, Гатузо инаку во моментов е без ангажман.