24фудбал

Занети објасни зошто Интер го ангажира Конте

Хавиер Занети меѓу другото се осврна и на големото градско дерби со Милан кое се игра вечерва во рамките на четвртото коло од Серија А, потенцирајќи дека „Нероаѕурите“ се во одлична форма во моментов.

Италија

Потпретседателот на Интер, како и легенда на тој клуб, Хавиер Занети ја објасни одлуката на „Нероаѕурите“ да го ангажираат Антонио Конте, а Аргентинецот убедува дека станува збор за амбициозен проект.

Ова е амбициозен проект, го доведовме Конте поради неговото големо искуство, како и принципот на макотрпна работа кој го негува“ рече Занети, а потоа се надоврза и на големото дерби на Милано кое се игра вечерва.

Дербито секогаш е нешто посебно, тоа е посебен меч, тимот е во одлична форма, но знаеме дека сите дерби пресметки се тешки, но истовремено и од големо значење“ додаде Занети во пресрет на дербито со Милан.

Како што пренесуваат од Италија, на вечерашното дерби во Милано ќе има големи имиња на гледалиштето, вклучувајќи го и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, легендарниот Христо Стоичков, легендарниот тенисер Борис Бекер, како и поранешниот напаѓач на Интер и Милан, Роналдо.

Што се однесува пак до Интер, Антонио Конте тргна доста добро, па така по три одиграни кола Интер е на врвот на табелата во Серија А со максимални три победи досега, меѓутоа „Нероаѕурите“ тргнаа со кикс против Славија Прага во првото коло од Лигата на шампионите, играјќи само реми со резултат од 1-1 на свој терен.