24фудбал

Алиоски запиша голем јубилеј во дресот на Лидс

Екипата на Дерби му го расипа големиот јубилеј на Езгјан Алиоски во дресот на Лидс, постигнувајќи гол за реми во самиот финиш од пресметката на „Еланд Роуд“.

Македонија

Лидс одигра реми со резултат 1-1 во дуелот против Дерби на домашен терен, а гостите му го расипаа јубилејот на нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски во самиот финиш од пресметката на „Еланд Роуд“.

Иако водеше од 20. минута со авгоголот на Лов, Лидс испушти победа во самата завршница откако Мартин погоди за 1-1, а македонскиот репрезентативец Алиоски кој ги одигра сите 90 минути за тимот на Марсело Бјелса запиша голем јубилеј зад своето име во дресот на Лидс.

Со денешниот меч, Алиоски го запиша својот 100. настап во дресот на Лидс, екипа каде настапува веќе две години по трансферот од швајцарски Лугано во 2017. година, досега за Чемпионшиплигашот постигна 15 погодоци.

Инаку „десетката“ на Лидс често е ротиран од страна на Бјелса, денес играше на левата бековска позиција, но, останува отворено прашањето дали така ќе остане подолг период со оглед на неговите офанзивни карактеристики во играта.

Алиоски забележа настап на сите натпревари за Лидс во новата сезона од Чемпионшиплигата, а моментално е лидер на табелата по осум одиграни натпревари. Македонецот постигна и еден гол досега, оној во убедливата победа кај Свонси со 0-3.