24фудбал

Анчелоти има добра причина да стартува со Елмас на мечот против Лече

Се отвори нова можност за докажување на нашиот репрезентативец во дресот на Наполи, тим за кого потпиша ова лето и за брзо време се адаптираше и почна со импресивни изданија.

Италија

Вицепрвакот на Италија, тимот на Наполи утре пред своја публика го пречекува Лече, а шефот на стручниот штаб на Наполи, Карло Анчелоти има добра причина која би го натерала на тој меч да стартува со нашиот Елиф Елмас.

Алан, кој е главната конкуренција на младиот Македонец е повреден а воедно и вон комбинација за пресметката со Лече, истото важи и за Манолас и Јунес, па веројатно е дека Елмас ќе почне од првата минута.

Елмас досега забележа настап во сите три кола во Серија А, токму со Алан беа заменувани, а откако Бразилецот и дефинитивно отпадна од комбинација, сосема очекувано е Елмас да стартува по втор пат во Серија А, откако тоа најпрво се случи во победата над Сампдорија од 2-0 на домашен терен кога нашиот репрезентативец играше седо 76. минута кога беше заменет со Инсиње.