24фудбал

Манчестер Сити се налути, руши рекорди против Ватфорд

Манчестер Сити во голем стил одговори по поразот од Норич во претходното коло од Премиерлигата, Ватфорд добро ја почувствува силината на тимот на Пеп Гвардиола.

Англија

Манчестер Сити по само 18 минути игра водеше со 5-0 против Ватфорд. Тоа е најбрзо постигнати пет гола од било кој тим во историјата на Премиерлигата.

Серхио Агуеро го постигна 100. гол на Етихад стадионот, само уште двајца фудбалери успеале да постигнат троцифрен број на погодоци на еден стадион. Тјери Анри на Хајбери (114) и Вејн Руни на Олд Трафорд (101).

Голот на Давид Силва постигнат во 52. секунда е најбрзиот гол во Премиерлигата оваа сезона.