24фудбал

Борец и Работнички ги поделија бодовите во Велес

Борец и Работнички одиграа нерешено 1-1 во воведниот натпревар од седмото коло во македонската прва лига.

Македонија

Работнички го освои првиот гостински бод оваа сезона, Борец може да жали што не успеа да запише домашна победа против дебармаалци.

Гостите поведоа уште во 13. минута кога по асистенција од Шаркоски, на Кордоба не му беше тешко да погоди за водство од 1-0.

Десет минути подоцна Ѓорѓи Ѓорѓиев постигна убав гол за израмнување на 1-1.

Во продолжението Борец беше тој кој повеќе напаѓаше, создавеше притисок за втор гол, но не успеа да направи комплетен пресврт.

По седум одиграни меча, Борец има пет бода и е последен, Работнички има два бода повеќе.

Утре играат: Вардар Силекс, Шкендија - Струга ТЛ, Академија Пандев - Шкупи и Македонија ЃП - Ренова.

Фото: ФК Работнички