24фудбал

Луд ден на Етихад: Манчестер Сити му даде осум гола на Ватфорд! (ВИДЕО)

Манчестер Сити го торпедираше Ватфорд победувајќи го со фантастични 8-0, Евертон загуби дома од Шефилд јунајтед со 2-0.

Англија

Манчестер Сити по поразот од Норич во минатото коло, како да се налути, а нивната сила на своја кожа ја почувствува Ватфорд.

Серијата ја почна Давид Силва кој уште во првата минута постигна гол за водство од 1-0.

До 18. минута беше 5-0, а во тој период головите ги дадоа Агуеро, Махрез, Бернардо Силва и Отаменди.

Мрежата на Ватфорд продолжи да се тресе и во второто полувреме, Бернардо Силва даде уште два гола за негов хет-трик, а победата ја запечати Де Брајне.

Евертон на свој терен загуби од Шефилд јунајтед со 2-0. Јари Мина си даде автогол, Мосет беше стрелец на вториот гол.

Барнли со 2-0 го совлада Норич, а претходно Лестер со пресврт славеше над Тотнем.