24фудбал

Статива од пенал, па пречка по одбиена топка и кога Јувентус мислеше дека се извлече, Велосо ја искина мрежата (ВИДЕО)

Луди 30 секунди во Торино, Верона поведе против Јувентус по неверојатен расплат во кој беше погодена стативата од пенал, па пречката по одбиената топка за на крај Велосо да постигне прекрасен голазо и да погоди во аголот од далечина.

Италија

Верона поведе на гостувањето кај Јувентус по 20 минути игра, резултатот сигурно е изненадување, но уште поневеројатно е како падна голот.

Демирал стартуваше несмасно врз Ди Кармине и судијата покажа на белата точка. Истиот играч ја превзеде одговорноста, но биеше само во стативата. Прв до одбиената топка стигна Лазовиќ кој ја погоди пречката.

И кога „старата дама“ мислеше дека се извлече, Мигел Велосо закачи еден полуволеј од 25 метри право во аголот и го матираше Џиџи Буфон.