24фудбал

Дресовите на Барселона за идната сезона (ФОТО)

Новите дресови на Каталонците кои ќе почнат да се користат од идната сезона ќе бидат повторно со ленти на вертикална основа, тие во голема мера потсетуваат на оние од сезоната 2010/11, кога Барселона ја освои Лигата на шампионите.

Шпанија

Само што се навикнаа на дресовите со новиот дизајн, навивачите на Барселона ќе мораат од истиот да се одвикнат, затоа што Каталонскиот клуб и „Најк“ донесоа одлука да се вратат на стариот изглед со вертикални ленти.

Претседателот на Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу и директорите на клубот веќе дале зелено светло за новиот дизајн, а „Спорт“ веќе ексклузивно објави први фотографии од новите дресови на Каталонците кои ќе се користат за идната сезона.