24фудбал

Де Јонг: Ако не сум одиграл добро, тоа е моја вина, а не вина на Валверде

Младиот Холанѓанец се одзва на честите дискусии околу позицијата на која треба да игра, уверува дека во следниот период ќе бележи подобри настапи, а воедно и перформанси, откако досегашните не се баш позитивни.

Шпанија

Френки де Јонг верува дека сите проблеми околу неговите перформанси во дресот на Барселона на натпреварите против Бетис и Осасуна биле само негова вина, а не поради промените во формациската поставеност кои ги прави Ернесто Валверде.

Валверде го користеше младиот Холанѓанец во повеќе улоги во средината од теренот, отколку едната и единствена улога која ја имаше во периодот во Ајакс, како и холандската репрезентација.

Ова е едноставна позиција на теренот и во следните натпревари ќе биде подобро“ рече Де Јонг во изјавата за „Ел Периодико“.

Морам да се адаптирам и веќе разговарав со Валверде околу проблемите, имавме и видео анализа од натпреварите, тренерот не треба да ме прашува каде јас преферирам да играм, тој е тренер и тој одлучува“ додава тој.

Во Ајакс, како и во националниот тим играм во централниот дел од средината, но тоа е различно, бидејќи игравме со двоен пивот, против Бетис и Осасуна играв пошироко, но, доколку не сум одиграл добро тоа е само моја вина, луѓето почнуваат да дебатираат околу мојата позиција, прашувајќи дали треба да играм на таа, или онаа позиција, тоа е лудо“ заклучи Де Јонг.