24фудбал

На Ројс му дојде преку глава од истите прашања: Ова веќе ми оди на нерви, секој пат истото с*ање!

Германецот не можеше да се воздржи по старо-новата дискусија која постојано се врти низ тимот на Борусија Дортмунд, а се однесува на менталната подготвеност на екипата.

Германија

Автоголот во завршницата од гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт, го скрати славјето на Борусија Дортмунд која мораше да се задоволи со реми во редовното петто коло во Бундеслигата изминатиов викенд.

Првата ѕвезда на „Милионерите“, Марко Ројс доста енергично возврати на дискусиите во јавноста дека тимот на Борусија Дортмунд има проблеми во поглед на менталната подготвеност, односно, имаат слабост по тоа прашање, но, не криеше дека неговиот тим одиграл лошо во одбраната во моментите на автоголот на Делани во 88. минута.

Ова веќе ми оди на нерви, автоголот беше проблем околу менталната подготвеност на тимот? Ние на дефанзивен план одигравме глупаво во таа ситуација, секако, но, немојте повторно со тие шпекулации околу наводниот ментален проблем кој сме го имале во тимот“ рече Ројс за „Скај“.

Секоја седмица истото с*ање, се работи за добро играње во дефанзивниот ред, дополнително мора да се има во предвид дека Ајнтрахт Франкфурт секогаш може да се врати дури и да имаме водство од 1-2“ додаде Германецот.

Ние едноставно мораме да се подобриме во завршниот дел од натпреварите, едноставно не знам како се случи израмнувачкиот гол, мислам дека по еден аут, каде ние самите се ставивме во позиција на опасност, ова не смее да се случува, но, немојте да доаѓате со тим за подобрување на менталната состојба кај нас, ве молам!“ заврши Ројс.

Со Ројс веројатно се согласува и шефот на стручниот штаб на „Милионерите“, Лусиен Фавр кој негираше дека неговиот тим на ментален план не е подготвен, односно тешко се носи во завршницата од натпреварите.