24фудбал

Тухел: Нејмар е 100% со нас

Останува дилемата околу тоа дали обете страни ги закопаа секирите по бурниот период во рамките на летниот преоден рок кога Нејмар јасно посочи дека сака да си замине од француската престолнина.

Франција

По поразот кај Рен во второто коло, ПСЖ реализираше пет победи во низа во сите конкуренции, а синоќа „настрада“ Лион кој во дербито на колото во Лиг 1 на свој терен беше поразен минимално од тимот на Тухел.

Токму Нејмар беше стрелец на единствениот гол, а истиот дојде по една убава акција на гостите, за Бразилецот ова е втор гол во серија за ПСЖ по онаа мајсторија против Стразбур во минатото коло каде францускиот првак триумфираше исто минимално.

Шефот на стручниот штаб на ПСЖ, Томас Тухел ја уверува јавноста дека првата ѕвезда на тимот, Нејмар е максимално посветен на клупските обврски, па останува дилемата дали обете страни ги закопаа секирите по бурниот летен преоден рок каде Нејмар јасно посочи дека сака да си замине од француската престолнина, а прва опција за него беше враќање во Барселона.

Тој е 100% со нас, тој е 100% во тимот, тој е насмеан, позитивен, меѓутоа и посветен, тој е комплетно таму со своите соиграчи, тоа е нормално, за нас многу важно во моментов“ рече Тухел.

Тоа е негова работа, обврска, тој е на теренот за да постигнува голови и да одлучува натпревари, тоа е Нејмар, од него очекувам вакви изданија постојано, тоа и го барам од него“ додаде Тухел.

Седо самиот крај на летниот преоден рок Нејмар отсуствуваше од терените за ПСЖ, меѓутоа се врати во најдобро светло, иако не беше во комбинација за убедливата победа против Реал Мадрид од 3-0 на домашен терен во првото коло во Лигата на шампионите.

За оние што пропуштија, голот на Нејмар во дербито против Лион...