24фудбал

Икарди: Време беше да заиграм во победнички тим и да освојам нешто

Мауро Икарди кој ионака не беше миленик на фановите на Интер, уште толку ги разочара со последната негова изјава.

Франција

Иако се уште нема постигнато гол за ПСЖ, тој е среќен што е во тим каде што може да освојува титули и да биде конкурентен со најголемите клубови во светот.

„Влегов во седмата година со Интер. Сонував да играм во Лигата на шампионите со Интер и тој сон ми се оствари. Но немавме добри резултати, не освоивме ништо. Останав. Постигнав многу голови и време беше да се преселам во победнички тим кој може да освојува титули. Време е да почнам да победувам и да одам во тим полн со шампиони каков што е ПСЖ, тоа е она што го сакав“, вели Икарди.

Во интервјуто за „Канал +“, Икарди зборуваше и за други работи од неговиот живот.

„Тие што ме знаат каков навистина сум, се тие што се бројат. Повеќе ме осудуваат за мојот приватен живот отколку за она што го правам на теренот. Но поминаа седум години откако живеам со Ванда Нара. Знам дека таа е позната личност, но тоа нема никаков ефект врз мене. Во спротивно немаше да постигнам 150 голови за Интер“.

„Се обидуваме да живееме најдобро што можеме, заљубени сме и не бираш во кој ќе се заљубиш, едноставно се случува. Кога требаше да ја одберам за агент, не размислив два пати. Ја донесов таа одлука која сметам дека е најдобра за мојата фамилија и мојата иднина. Мажите и жените ги третирам исто“.