24фудбал

Пу, пу, неважи: Хенес заканата ја упатил пред една недела, денеска гледа поинаку на работите

„Баварците“ се обидуваат да ја спуштат топката по упатената закана дека нема да ги пуштаат фудбалерите во репрезентацијата на Германија, контроверзната изјава била стара недела дена и Ули Хенес во моментов гледа поинаку на работите.

Германија

Весникот Билд предизвикана бура во Германија откако пренесе изјава од претседателот на Баерн Минхен, кој се закани дека тие нема да ги пуштат фудбалерите во репрезентацијата доколку Марк Андре тер Штеген му го земе местото на Манул Нојер помеѓу стативите.

Најтрофејниот и најпознат клуб од Германија го навлече бесот на многумина, па „баварците“ сега се обидуваат да ја смират топката. Ули Хенес испрати писмо до Шпигел во кое појаснува дека оваа контроверзна изјава била стара недела дена и во моментов тој гледа поинаку на работите.

„По натпреварот против Црвена звезда во Лигата на шампионите, господинот Хенес даде изјава поврзана со дебатата кој треба да биде голман број 1 во националниот тим на Германија, изјава која денеска не би ја повторил. Според него, проблемот е решен и повеќе нема да коментира на оваа тема“ – се вели во соопштението испратено до Шпигел.