24фудбал

ВАР спречи циркуз на Олд Трафорд, Обамејанг го откажа евроголот на Мектоминеј (ВИДЕО)

Дербито на Олд Трафорд заврши без победник, Манчестер јунајтед поведе со прекрасниот погодок на Мектоминеј, гостите изедначија преку Обамејанг по една грешка на Туанзебе.

Англија

Во последниот натпревар од седмото коло во Премиерлигата, Манчестер јунајтед и Арсенал ги поделија бодовите.

Домаќините поведоа пред крајот на првиот дел кога Мектоминеј од врвот на шеснаесетникот прекрасно биеше под пречката за 1-0.

„Топчиите’ стигнаа до изедначување во 58. минута кога Туанзебе погреши при една вратена топка а Обамејанг го матираше Де Хеа за 1-1. Славјето на Арсенал на кратко беше прекинато откако помошникот неочекувано го крена знаменцето и покрај тоа што напаѓачот на гостите беше два метри во дозволена позиција. За среќа ВАР ја преиначи одлуката и Кевин Френд покажа кон центарот.

Манчестер јунајтед се обиде повторно да се врати во водство, Мектоминеј промаши зицер од пет метри при еден корнер, а во финишот Лено со крајни напори го спречи обидот на Рашфорд од слободен удар.