24фудбал

Баерн Минхен тргнува по Сане, го посакува во јануари

Постоеше желба кај тимот од Минхен да дојде до потписот на Сане и претходно, но повредата на подолг рок кај офанзивецот промени многу работи.

Германија

Германскиот првак Баерн Минхен кој синоќа го понижи Тотнем, совладувајќи го со 2-7 на негов терен во второто коло од Лигата на шампионите, во јануарскиот преоден рок го посакува Лерој Сане од Манчестер Сити.

„Билд“ пишува дека „Баварците“ се сериозни во своите намери, а претходно иако постоеа такви намери од таа екипа, на крајот повредата на подолг рок кај Сане во претсезонските подготовки го промени нивното мислење на оваа тема.

Најновите информации велат дека „Баварците“ повторно се враќаат во трката за Сане, а првиот потег од посериозен карактер ќе го повлечат во јануарскиот преоден рок.