24фудбал

Ериксен се одзва во јавноста по лудите шпекулации за наводната афера на неговата сопруга со Вертонген (ФОТО)

Најпрво на социјалните мрежи се појави објава на која се пренесе за наводна афера помеѓу сопругата на Ериксен и неговиот соиграч Јан Вертонген, обајцата се веројатно згрозени од тие шпекулации.

Англија

Кристиан Ериксен се одзва во јавноста по лудите шпекулации кои осамнаа низ одредени медиуми околу наводната афера која неговата сопруга наводно ја имала со неговиот соиграч од редовите на Тотнем, Јан Вертонген, кој и самиот реагираше на социјалните мрежи.

Најпрво на социјалните мрежи се појави една луда шпекулација дека Сабрина Квист Јенсен имала афера со Јан Вертонген, за која дознал и Ериксен по што настанала вистинска „мешаница“ во тимот на Тотнем, што морал да се замеша дури и Хари Кејн кој наводно му удрил ќотек на Белгиецот.

Јан Вертонген бил фатен како спие со сопругата на Кристиан Ериксен“ гласеше објавата на социјалните мрежи, а со реакција се одзваа и Ериксен, но и Фертонген, кои се згрозени од таквите шпекулации.

Сра*е“ беше коментарот на Ериксен, а неговата објава ја пренесе и Вертонген кој додаде срце во истата објава.