24фудбал

ЛШ: Борусија Дортмунд триумфираше кај Славија Прага, Елмас и Наполи до реми без голови кај Генк (ВИДЕО)

Завршија двете пресметки во рамките на втората рунда натпревари во второто коло од Лигата на шампионите, меѓутоа постигнати беа само два погодока на истите, и обата на мечот во Прага.

Лига на Шампиони

По победата на домашен терен од 2-0 над бранителот на европскиот трофеј Ливерпул, Наполи не успеа да ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Генк во второто коло од Лигата на шампионите, па италијанскиот вицепрвак се враќа со реми без голови од пресметката во Белгија.

Нашиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер во тимот предводен од Карло Анчелоти, а Македонецот играше седо 58. минута кога беше повлечен од игра и заменет со Мертенс.

Борусија Дортмунд по ремито без голови на домашен терен против Барселона, вечерва славеше со 0-2 на гостувањето кај Славија Прага која во првото коло ремизираше кај Интер со 1-1.

Хакими во 35. минута ги доведе „Милионерите“ во почетно водство од 0-1, а со таа предност се замина на паузата, а истиот играч во 89. минута ги постави конечните 0-2 од пресметката во Прага.

 

Со почеток од 21 часот се играат следните натпревари:

Барселона – Интер

Лил – Челси

Ливерпул – Салцбург

Лајпциг – Лион

Валенсија – Ајакс

Зенит - Бенфика