24фудбал

Брилијантноста на Суарез ја спаси Барселона, победа со пресврт над Интер (ВИДЕО)

Со два гола на Луис Суарез, Барселона го победи Интер со пресврт во второто полувреме, Ливерпул го совлада Салцбург во натпревар со седум голови.

Лига на Шампиони

Интер одигра фантастично прво полувреме на Камп Ноу кое не беше доволно за победа над Барселона, Каталонците во вториот дел како да излегоа со друг тим, ја почнаа својата доминација, а благодарение на брилијантноста на Луис Суарез дојдоа до триумф.

Шок на уште на самиот старт, во третата минута од натпреварот Лаутаро Мартинез постигна гол за водство на Интер од 1-0.

Интер не само што ја чуваше предноста, туку беа и поопасни од Барселона, создадоа повеќе шанси во првиот дел, но второто полувреме беше поинакво.

Барселона тргна со пресинг и во 58. минута Суарез со прекрасен волеј го изедначи резултатот на 1-1.

Во 84. Меси убаво асистираше до Суарез кој мајсторски ја прими топката и постигна гол за комплетен пресврт и победа од 2-1.

Интересно беше на Енфилд каде Ливерпул имаше водство од 3-0 со голови на Мане, Робертсон и Салах, но Салцбург успеа да дојде до 3-3. На крајот Салах постигна гол за победа од 4-3.

Челси со 2-1 победи на гостувањето кај Лил, Абрахам и Вилијан ги дадоа головите за сините.

Ајакс со 3-0 ја победи Валенсија на Местаља, Зенит со 3-1 слаевеше над Бенфика, Лион со 2-0 победи кај Лајпциг.