24фудбал

Уште не почнал мечот, Солшер бара алиби за неуспех: Теренот на АЗ Алкмар е еден од најлошите кои сум ги видел

Манчестер јунајтед е во очајна форма а Оле Гунар Солшер е пред отказ, тимот никако не може да врзе серија победи, следен предизвик е мечот со АЗ Алкмар во Лига Европа.

Лига Европа

Манчестер јунајтед денеска му гостува на АЗ Алкмар во меч од Лига Европа, а Солшер веќе има алиби за неуспех.

АЗ Алкмар привремено игра на стадионот во Хаг со вештачка трева, а Солшер по синоќешниот тренинг изјави дека тоа е еден од најлошите терени кои ги видел.

„Во ред е да има вештачка трева на Северниот пол или кај мене во Норвешка кога во март, ноември или декември не може да се игра фудбал. Но во Холандија климата не е таква, изненаден сум од теренот. Во Норвешка има многу терени со вештачка трева, но овој е еден од најлошите кои сум ги видел. Ќе биде тешко да се контролира топката. Се надевам дека по мечот нема да го кажувам ова како оправдување и ќе ги освоиме трите бода“, вели Солшер.