24фудбал

ЛЕ: Манчестер јунајтед одигра реми без голови кај АЗ Алкмар, ново шоу на Лудогорец, „настрада“ Ференцварош

Комплетирани се натпреварите кои стартуваа во терминот од 18,55 часот, како за потсетување, Партизан во првиот меч за денеска славеше на гостувањето кај Астана со 1-2.

Лига Европа

Ново разочарување за навивачите на Манчестер јунајтед по ремито без голови на Премиерлигашот кај АЗ Алкмар во второто коло од групата „Л“, каде претходно Партизан славеше кај Астана за прва победа на белградскиот тим.

Холандскиот тим дури и беше доминантен на пресметката против „Црвените ѓаволи“ кои немаа ниту еден упатен удар во рамките на противничкиот гол, а домаќинот

Од останатите натпревари ја издвојуваме и убедливата победа од 0-3 на Лудогорец кај Ференцварош, за бугарскиот првак ова е втора убедлива победа во групата „Х“ по победата од 5-1 над ЦСКА Москва во првото коло на домашен терен, со што тимот од Разград е прв во својата конкуренција во моментов.

 

Резултати од натпреварите кои се одиграа со почеток од 18,55 часот:

Башакшехир – Менхенгладбах 1:1

Бешикташ – Вулверхемптон 0:1

Брага – Слован Братислава 2:2

ЦСКА Москва – Еспањол 0:2

Ференцварош – Лудогорец 0:3

Феенорд – Порто 2:0

Олександрија – Гент 1:1

Сент Етјен – Волфсбург 1:1

Волфсбергер – Рома 1:1

Јанг Бојс – Глазгов Ренџерс 2:1