24фудбал

Децата на Арсенал ја забележаа најубедливата победа денеска во Лига Европа (ВИДЕО)

Младинците на Арсенал ја искористија шансата од Унаи Емери да покажат што умеат и ја забавуваа публиката на Емирати со убава игра и убедлива победа од 4-0 против Стандард.

Лига Европа

„Топчиите“ ја забележаа најубедливата победа вечерва во Лига Европа, пред своите фанови со 4-0 триумфираа во дуелот со Стандард. Емери шанса им даде на неколку младинци, а напаѓачот Мартинели најдобро ја искористи приликата и постигна два гола.

Во листата на стрелци се запиша и Вилок, а точка на натпреварот стави Себаљос во 57. минута од мечот.


Севиља одигра скромно против АПОЕЛ и славеше со минимални 1-0. Домаќините рано поведоа со голот на Чичарито, но како одминуваше времето не беа расположени за надигрување, а ниту пак гостите имаа желба, па финишот на мечот беше прилично досаден.


Затоа возбудливо беше на другите терени, Лацио направи пресврт против Рен и стигна до три бода. Гостите поведоа на стартот од вториот дел, но Милинковиќ Савиќ најпрво изедначи на 1-1 а потоа му асистираше на Имобиле за 2-1,


Спортинг на нашиот Стефан Ристовски исто така со пресврт стигна до победа во дуелот со ЛАСК Линц. Гостите на пауза заминаа со 0-1, но во продолжението од мечот, во период од пет минути капитулираа два пати и загубија со 2-1.

На другите натпревари кои се играа од 21 часот: Селтик – Клуж 2:0, Дуделанж – Карабх 1:4, Гимараеш – Ајнтрахт Франкфурт 0:1, Краснодар – Хетафе 1:2, Лугано – Динамо Киев 0:0, Малме – Копенхаген 1:1, Розенборг – ПСВ 1:4, Трабзонспор – Базел 2:2.