24фудбал

Скриена порака во прекрасното тифо на навивачите на Гимараеш: УЕФА го убива фудбалот (ФОТО)

Ултрас навивачите на Гимараеш се претставија со убава кореографија на синоќешниот натпревар против Ајнтрахт Франфурт, а дополнително привлекоа внимание со скриена порака која беше намената за европската куќа на фудбалот.

Лига Европа

Виторија Гимараеш синоќа го пречека Ајнтрахт Франкфурт, а навивачката група „Бели ангели“ имаше подготвена убава кореографија. На трибината се појави голема параола, а беа запалени и пиротехнички средства за спектаклот да биде целосен.

Но ултрас навивачите дополнително привлекоа внимание со скриена порака која беше наменета за европската куќа на фудбалот. Доколку во предвид се земеа само буквите кои беа обоени во жолто се добиваше порака која гласи: „УЕФА го убива фудбалот“.

Се верува дека протестот е поради следните два термини кои ги одреди европската куќа на фудбалот. Гимараеш ќе ги пречека Арсенал и Стандард во среда намество во четврток, а и саатницата е малку чудна, односно 16:50 часот или 15:50 часот по локално време, кога најголемиот дел од фановите се на работа или училиште.