24фудбал

„Ливерпул да ми го стори тоа на мене, веднаш си одам“ – Клоп не е импресиониран од видеото со говорот на тренерот на Салцбург

Јирген Клоп вели дека без многу да му ја мисли ќе се замине од Ливерпул доколку „црвените“ објават видео од негов говор во соблекувалната, Германецот не е премногу импресиониран од објавата на Салцбург.

Англија

Салцбург добро го намачи актуелниот шампион на Европа во средата, гостите од 3-0 негатива се вратија до 3-3, но Салах се погрижи трите бода сепак да останат на Енфилд.

Клубот од Австрија на социјалните мрежи објави видео од соблекувалната за да им долови на фановите што се случувало. Во фокусот беше говорот на тренерот Џеси Марш,

„Колку фаули имаме направено? Можеби два?“ – ги прашува тренерот на Салцбург своите играчи.

„Ова не е еб*на пријателска, туку меч од Лигата на шампионите. Мораме да играме физички појако. Бидете по немилосрдни кон Ван Дајк, играме со многу почит кон нив. Премногу почит“.

„Дали се силни? Да. Но тоа не значи дека треба да бидеме фини, да не ги буткаме и да не се бориме. Момци, мораат да не почувствуваат, мораат да знаат дека сме тука да се надигруваме, а не да бидеме статисти. Тука сме да играме, да му се сневиди“.

„Ќе зборуваме за тактика, но само откако ќе се појавиме на терен со поголема самодоверба и волја. Сега сме ние против нив. Ајде да ја подигнеме нашата еб*на волја, нашата борба. Видовме дека се силни, но можеме подобро да одиграме и да внесеме живот во нашата игра. Самодоверба, физичка состојба, тоа е тоа. Не се топку опасни од прекини. Ајде момци, имаме уште многу што да покажеме“ - ги бодреше своите избраници Џеси Марш.

И додека фановите се воодушевени од она што го видоа и слушнаа, Јирген Клоп не е импресиониран и вели дека без многу да му ја мисли ќе се замине од Ливерпул доколку „црвените“ објават видео од негов говор во соблекувалната.

„Доколку ТВ каналот на Ливерпул објави видео од мене во таква ситуација, ќе го напуштам клубот веднаш. Тоа е вистината, ова е се што ќе кажам на оваа тема“ – порача Германецот.