24фудбал

Директорот на Рома бесен: Да видат во Англија што правиме ќе ни се смејат, зошто ВАР не реагираше?

Спортскиот директор на Рома, Џанлука Петраки беше бесен на судијата Маса, вели дека немало прекршок од Калиниќ и праша зошто не реагирале од ВАР собата да сугерираат дека се било чисто.

Италија

„Волчицата“ долго време атакуваше на трите бода против Каљари и домаќините мислеа дека конечно стигнаа до цел плен кога Никола Калиниќ ја затресе мрежата на гостите во 90. минута.

Погодокот сепак беше поништен, судијата сметаше дека напаѓачот го турнал дефанзивецот Фабио Писаканте, кој потоа се судри со својот голман Робин Олсен и загуби свест.

По последниот свиреж, тренерот Пауло Фонсека имаше што да му каже на арбитарот па заработи и црвен картон, а протести стигнаа и од управата на клубот.

Претседателот Џејмс Палота се огласи на социјалните мрежи, а изјава даде и спортскиот директор Џанлука Петраки, кој смета дека немало прекршок и праша зошто не регирале од ВАР собота и да му сугерираат на Маса дака се било чисто.

„Мнгоу сме огорчени, со недели ни се случуваат судиски одлуки на наша штета. Мислам дека заслуживме пенал против Болоња во најмала рака. Денеска, судијата се однесуваше лошо од самиот почеток. Непотребно креираше тензија во меч кој беше прилично мирен“ - вели Петраки.

„Одлуката да се поништениот гол на крајот е смешна. Тоа е контакт кој постојано се случува во шеснаесетникот. Сигурно има по 100 такви дуели, и не може да се поништи гол за таков контакт. Ова е фудбал, не е балет за мали девојчиња, играат мажи и мора да има контакт“.

„Калиниќ добро го антиципираше движењето на дефанзивецот, се постави добро и едноставно беше поцврст. Да им ги покажеме снимките во Англија, ќе ни се смејат и ќе се чудат дека ова е фаул. Навистина е срамно“.

„Писаканте не падна, едноставно налета на голманот, се судри и тука се повреди, а не поради контактот со Калиниќ“.

„Апсурдно е да се поништи ваков гол, ако се поништуваат вакви голови, подобро да не играме фудбал. Згора на се, судијата не појде до ВАР мониторот за да види дали погрешил. Зошто од ВАР собата не му сугерираа дека се било чисто?“